Насилство и грабнување на малолетничка ја вознемири јавноста во Прилеп. ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 42-годишниот М.У. поради сомнение за сторено тешко кривично дело.

Инцидентот се случил во населбата Тризла, каде осомничениот прво физички го нападнал девојчето, а потоа на сила го внел во своето возило.

Поради сериозноста на настанот, тој се товари за кривично дело „грабнување“.

„ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.У.(42) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,грабнување“. На 19.11.2025 во населба Тризла во Прилеп, пријавениот физички нападнал малолетничка, по што со употреба на сила ја внел во патничко возило и заминале од местото“, информираат од полицијата.

Exit mobile version