Сериозен инцидент на семејно насилство ја вознемири јавноста во скопската општина Карпош. Триесет и деветгодишен маж е пријавен во полиција откако физички ги нападнал двете жени со кои живеел – својата сопруга и својата мајка.

Според информациите, насилникот К.С. (39) во семејниот дом прво ја нападнал 36-годишната сопруга, а не ја поштедил ниту својата 60-годишна мајка.

Веднаш по пријавата, полицијата реагирала. Во 12:15 часот тој бил повикан во Полициската станица Кисела Вода на службен разговор. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version