Ужас во Индија: Во поплавите настрадаа најмалку 19 луѓе

Најмалку 19 лица загинаа во поплавите во јужна Индија откако обилните дождови предизвикаа излевање на реките, погодувајќи градови и села.

Десетици луѓе се водат како исчезнати, и се стравува дека бројот на жртвите може дополнително да се зголеми, пишува Би -Би -Си.

Индиската армија се приклучи на напорите за спасување и хеликоптери се користат за превоз на набавки и персонал во делови од областа Котајам, каде што луѓето се заробени под урнатините.

Локалните жители денеска им се придружија на спасувачките тимови за да помогнат во отстранување на кал, камења и паднати дрвја од погодените области.

17.10.2021 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега