Ужас во Австралија: Три деца изгореле во автомобил- маж го полил воилото со бензин и го запалил

Три деца и едно возрасно лице загинале во австрискиот град Бризбејн, во автомобил кој според првичните информации бил намерно запален.

Децата, кои се помали од десет години, се пронајдени од страна на пожарникарите во запалениот автомобил, пренесе „Би-Би-Си“.

Во пожарот во автомобилот загинал и еден маж, додека една жена е повредена и со тешки изгореници е превезена во болница.

Брзата помош интервенирала и кај еден од случајните минувачи кој се обидувал да пријде до запалениот автомобил и при тој обид се здобил со изгореници на лицето.

Жителите на тој дел од градот за австралиските медиуми рекле дека виделе како жената која била зафатена од огнот излегува од автомобилот.

Како што пренесуваат, таа извикувала: „Фрли бензин на мене“.

Полицијата наведува де се уште е рано да се говори за идентитетот на жртвите, како и за евентуално насилство во семејството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега