„Ужас, Србија против Камерун играше без селектор“

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Вердер и Арминија, Раде Богдановиќ, кој работи како стручен коментатор на српскиот јавен сервис РТС, жестоко го критикува селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси, по ремито со Камерун (3:3) на Светското првенство во Катар.

Србија на нестварен начин испушти предност од два гола. Камерун за само три минути постигна два гола.

„Никогаш не сум видел некој толку лошо да води натпревар, како што тоа денес го направи Стојковиќ против Камерун. Како да немавме тренер на клупата“, рече Богдановиќ и продолжи:

„Од слава до очај, ѓаволска фудбалска нација… Кога не си физички подготвен, немаш ниту дисциплина ниту концентрација. Размислував… Го одигравме натпреварот без тренер на клупата. Никогаш не сум го видел ова. Страшно. Водиш 3:1 и пушташ петмина да притиснат високо, да играат пресинг, па како селектор треба да мислиш ‘дај да ја испуштам топката, физички не сме добро подготвени, слична ситуација имав против Бразил’. Мојот миленик, малиот Павловиќ, се повреди и по тоа, сè тргна надолу“.

„Никогаш нема да разберам што го сакаше да направи човекот. Што се случи. Во вториот дел ни недостигаа тактика и цврста рака. На 3:1 да си дозволиш контранапади… Ова не сум го видел досега“, рече тој.

Србија во последното коло на 2 декември ќе игра против Швајцарија.

 

28.11.2022 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега