УХМР ги измери температурите ова утро во градовите низ Македонија. Мерните станици во осум часот покажаа дека најниска температура од 16 степени има во Берово, по што следи Попова Шапка со 17, како и Крива Паланка со 18 степени.

УХМР измери по 23 степени во Кавадарци и Гевгелија, со што утрово се најтоплите места низ Македонија.

Во Скопје ова утро во осум часот се измерени 21 степени Целзиусови.

Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 10 до 18 степени, додека максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, се очекува појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се спушти до 18 степени, а дневната ќе достигне до 35 степени.

УХМР

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските региони. Од четврток следува период на многу топло време, а за време на викендот дневните температури на места се очекува да надминат 40 степени Целзиусови.

Exit mobile version