Прилеп утрово е најстудениот град во земјава со измерени -3 степени. Според податоците на УХМР, температури под нулата се регистрирани и во Крива Паланка, Берово, Маврови Анови (-2), како и во Битола и на Попова Шапка (-1).
Највисока снежна покривка во моментов има на Попова Шапка, каде се измерени 83 сантиметри снег. Во останатите градови температурите се движат од 0 степени во Тетово и Штип, до 8 степени во Гевгелија.
Во текот на денот не очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност. Максималните температури ќе се движат од 10 до 15 степени.
Во Скопје претпладнето ќе биде со ниска облачност, а преку денот сончево со температура до 14 степени.


