Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за временската состојба изутринава, кои покажуваат дека зимата пристигна со полн интензитет.

Во 7 часот, најниската температура е измерена на Попова Шапка (-4 степени), каде што има и најголема снежна покривка од 31 сантиметар. Снег има и во Крива Паланка, каде висината на покривката изнесува 2 сантиметри.

Рекордни врнежи Изминатите 24 часа донесоа обилни врнежи, пред сè од дожд, кои на места надминаа 50 литри на метар квадратен.

  • Крушево: 55 л/м²
  • Охрид: 52 л/м²
  • Претор: 48 л/м²
  • Маврови Анови: 39 л/м²

Значителни количества наврнаа и во Пожаране (35), Крива Паланка (34), Битола (32) и Тетово (31). Во Скопје се измерени помеѓу 12 и 14 литри на метар квадратен.

Температури утрово Минусни температури, покрај на Шапка, се регистрирани и во Куманово (-3), како и во Скопје и Маврово (-1). Во останатите градови температурите се движат околу нулата или благо над неа, при што најтопло е во Гевгелија со 7 степени.

Exit mobile version