Утрово минусни температури во повеќе градови: Тука беше најстудено, температурата се симна до -7 степени

Утрово е најстудено во Берово, каде се измерени -7 степени Целзиусови, додека најтопло е во Гевгелија со шест степени.

Според УХМР, до 8:30 часот -3 степени се измерени во Попова Шапка, Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, Струмица, -2 во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Штип и Демир Капија, -1 во Крушево, нула во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Виница и Дебар,  а 5 степени во Дојран.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

26.11.2022 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа