Утринските температури низ државата се движат во минусни и ниски позитивни вредности. Најстудено утрово беше во Берово, каде што се измерени -2 степени, додека највисоки утрински температури од 4 степени се регистрирани во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола. Во Скопје, на мерната станица Зајчев Рид, измерени се 2 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Според податоците на УХМР, нулта температура е измерена во Крива Паланка, Тетово, Струмица и Маврови Анови. Во Куманово и Виница се регистрирани 1 степен, во Штип, Велес, Кавадарци и Крушево 2 степени, додека во Охрид и Демир Капија утринската температура изнесува 3 степени.
Во текот на денот се очекува променливо облачно време, со појава на магла во утринските часови по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планински предели дождот ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната максимална температура ќе се движи меѓу 5 и 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде тивко и променливо облачно, со утринска магла. Кон крајот на денот и во ноќните часови се очекуваат повремени врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне околу 6 степени.

