Утринава сонце, но попладне облаци- подгответе се за невреме

Денеска времето ќе биде умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд претежно попладне и кон крајот на денот. Ќе има и појава на грмежи и краткотрајно засилување на ветерот.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 26 Целзиусови степени, Маврово 16, Охрид 22, Битола 25, Кавадарци 26, Крива Паланка 23, Берово 21, Дојран 27 степени.

Утре времето ќе биде претежно стабилно и суво, со услови за краткотраен дожд на северозапад и дневни температури од 15 до 28 степени.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 07:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега