Утринава се преврте автомобил кај Железничка- младо момче со тешки повреди пренесено на Клиника

На булевар „Јане Сандански“ пред крстосница со булевар „Кузман Јосифовски Питу“, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(23) од Скопје, удрило во бетонска жардињера и се превртело.

Од МВР информираат дека несреќата се случила утринава во 4 часот.

-Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега