Утринава облачно, а попладне дожд и снег- од недела промена

Времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе бидат пообилни попладне.

Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Преку ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната температура од три до 12 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до девет степени.

Од недела дневните температури ќе бидат во пораст.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 07:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега