Утринава не бил дозволен пристап на екипата на судската медицина, која треба да биде дел од обдукцијата на загинатитите лица

Утринава не им бил дозволен пристап на екипата на судската медицина која треба да биде дел од обдукцијата на лицата кои починаа во страшната несреќа во Бугарија. Ним им било побарање одобрување од бугарски државен обвинител, спротивно на протоколите на интерпол, пренесува „ТВ Телма“.

Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, допатувал со уште двајца колеги, чека одобрување, за кое се водат меѓусебни договори меѓу двајцата државни обвинители.

Инаку во несреќата, згасна животот на 45 лица од Македонија, а преживеаја 7 од кои петмина беа од нашатата земја, еден од Србија и државјанин на Белгија. 

24.11.2021 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега