Утринава фатен криминалец кој бил баран со потерница

Полицијата фати криминалец кој бил баран со потерница за извршување на тешка кражба. Дејството се случило околу шест часот ова утро.

На 15.09.2021 во 05.50 часот, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево – Отсек потраги, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.О.(25) од с.Палиград, општина Зелениково, за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик“ – стои во писменото соопштение на Министерството за внатрешни работи.

Лицето било предадено во Полициската станица Драчево, кои ќе одлучуваат за  понатамошна постапка.

15.09.2021 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа