Утре средба Заев – Мицкоски: Ќе има ли договор за попис?

Лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија, Зоран Заев и Христијан Мицкоски ќе се сретнат утре. Двете партии веќе ги дефинираа црвените линии од кои би почнале преворите.

Владејачката СДСМ го обвини опозицискиот лидер за попречување на пописот.

-„Граѓаните не треба да потпаѓаат под манипулациите и повиците за бојкот на овој важен статистички процес. Бојкотот е кривично дело, постапка што не носи добро на никого и дело што ги загрозува државните и националните интереси“, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинува дека пописот е политички договор помеѓу Заев и Хамети.

„Со овој чекор, Заев и Филипче свесно ги стават граѓаните во опасност по нивниот живот. Дали Заев е свесен дека 5.500 попишувачи треба да влезат во секоја куќа во државата? Огромното мнозинство од нив може да бидат асимптоматски и да ги заразат граѓаните со хронични болести, што ќе има фатални последици. Одејќи со главата кон ѕид, Заев уште еднаш докажува дека политичките договори со партнерите се поважни од здравјето на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Алсат повикувајќи се неофицијални информации јавува дека не се исклучува можност пописот да се одложи во септември. Но за ова ќе треба да добијат согласност и од албанските партии.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2021 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега