Утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во среда и четврток ќе биде многу топло, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Од петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, велат од УХМР.

 

20.06.2022 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега