Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, утре дел од корисниците во општина Центар ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија од 08:30 до 15:30.
Според најавата, зафатот ќе опфати клучни институции и станбени објекти во централното градско подрачје.
Список на корисници кои ќе бидат без струја:
- Дел од корисниците на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (бр. 49-53);
- Поликлиниката „Идадија“;
- „Веро“ маркет и „Макпетрол“;
- Катната гаража и АМСМ;
- Клубот на пратеници;
- Останати локали и згради во непосредна близина на оваа област.
Прекинот е дел од редовните активности за подобрување на мрежата, а нормализирање на состојбата се очекува веднаш по завршување на интервенцијата.


