Утре протест за Абдулфетах Алими - неговиот син вели дека татко му жртва на политички монтиран случај

Утре во Скопје ќе се одржи протест против пресудата за Абдилфетах Алими, за настаните на 27 април во Собрание, информира ТВ21. Неговиот син, Бурим Алими, денеска повика за масовно учество на протестот, за да се крене гласот против неправдата и монтираните политички случаи. Тој рече дека неговиот татко бил на ниво на задачата и дека неправедно е казнет.

„Ние заедно како семејство, со многу роднини и пријатели на татко ми, презедовме иницијатива за да го изразиме нашето незадоволство, бидејќи сметаме дека мојот татко е жртва на политички монтиран случај. Татко ми на 27 април беше на ниво на задачата, штитејќи ги пратениците во Собранието. Во име на Иницијативниот одбор, ги повикувам сите граѓани без разлика, како и оние кои се засегнати со случаите кои им се монтираат на Албанците. Монтираните случаи за Албанците не престануваат, па затоа ве повикувам сите да ни се придружите и заедно да го кренеме гласот на разумот и да побараме правда за нашите блиски кои неправедно страдаат. Нашиот апел е да им кажеме „стоп“ на сите политички монтирани случаи, бидејќи ние нема да застанеме и ако има потреба, правдата ќе ја бараме во повисоките инстанции во Стразбур“, изјави Бурим Алими – син на Фетах Алими.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2019 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега