Утре пресуда за Чавков, Нинџа, Ченто, Југ и другите обвинети за настаните на 27. април

Во Кривичниот суд во Скопје, утре, 17 обвинети ќе ја чујат пресудата на судечкиот совет што го води судијката Добрила Кацарска за предметот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за настаните од 27. април.

Обвинети во предметот останаа: Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Игор Дурловски, Младен Додевски, Јане Чентo, Горанче Анѓеловски, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски Кољо и Александар Василевски – Нинџа.

За кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, на обвинетите им се заканува казна затвор од минимум 10 години затвор. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2019 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега