Утре одлука за ограничен извоз на јајцата

Утре ќе се замрзне цената на јајцата, но ќе се донесе и одлука за ограничување на нивниот извоз, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што рече Бектеши на прес-конференција во Владата, ако земјава донесе забрана за извоз, тоа ќе биде спротивно на ЦЕФТА договорите и спогодбите за слободна трговија со ЕУ поради што се можни санкции.

-Во делот на јајцата што се случува? Моментално се зголемува извозот од земјава кон другите држави. Се зголемува побарувачката од другите држави кон нашите домашни производители со поголеми цени од постоечките што ние ги имаме на пазарот. Ако во случај ние носиме одлука за забрана на извоз тоа ќе биде спротивно на договорите на ЦЕФТА во регионот и на договорите за слободна трговија што ги имаме со ЕУ каде што може да следат одредени санкции кон нашата држава и затоа таква одлука не е опција моментално да се носи во делот на забрана на извоз. За да ги зачуваме постоечките цени, а извозот да биде согласно тоа што било и претходно, ние утре нема да носиме само одлука за замрзнување на цената на јајцата, ова сега можам да го кажам за да се подготват и производителите, туку и ќе ограничиме доволно производство за потребите на домашниот пазар што значи дека процентуално ќе може да се направи извозот. Процентуално ќе ограничиме колку може како производство да излезе надвор од Република Македонија, објасни Бектеши.

20.03.2023 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега