Утре нови цени на горивата

Како и секој понеделник, така и утре напладне Регулаторна комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Цената на бензините минатата недела се зголеми за половина денар, а непроменета остана цената на дизелот.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-9 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 02.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се промени, односно остана на исто ниво како што била утврдена со одлуката од 02.11.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,365 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 02.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,196 ден/кг.

Останува да видиме дали и утре ќе имаме поскапување на горивата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2020 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега