Утре неработен ден: УХМР со временска најава

Времето претпладне ќе биде со магла или ниска облачност по котлините, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во југоисточните делови повремено умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне 12 степени.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне со појава на магла по одделни котлини. Минимална температура ќе изнесува од минус пет до три степени, а максималната температура ќе биде во интервал од девет до 15 степени.

Во вторник ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, кон крајот на денот повремено засилен ветер од североисточен правец. Минимална температура ќе се движи од нула до седум степени, а максималната од седум до 12 степени. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега