Поради планирани технички зафати и интервенции во дистрибутивната мрежа, утре (31.07.2026) неколку локации во Скопје и околината привремено ќе останат без снабдување со електрична енергија.

Според најавите, прекини се планирани во следните термини и локации:

  • Мирковци (Ѓорче Петров): Во periodот од 08:30 до 13:00 часот, без струја ќе бидат дел од потрошувачите на ул. „Александар Урдаревски“ (во близина на Симако Симе ДООЕЛ).
  • Бардовци (Карпош): Во periodот од 08:40 до 15:05 часот, без напојување ќе останат сите потрошувачи на ул. „1687“ поради интервенција на нисконапонската мрежа.
  • Центар: Од 09:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има за дел од корисниците на ул. „Железничка“ и ул. „Герман“.
  • Волково (Ѓорче Петров): Во период од 09:00 до 14:00 часот, поради зафати на ТС Волково 17, без електрична енергија ќе бидат дел од потрошувачите на ул. „22“.

По завршување на интервенциите, снабдувањето со електрична енергија ќе биде нормализирано.

Exit mobile version