Утре ќе поскапи парното греење

Регулаторната комисија за енергетика утре, в петок (29.07) ќе одлучува за цената на парното греење, којашто ќе зависи од цената на гасот кој е двојно поскап од лани.

Сите најави во Европа се дека доаѓа тешка зима, што ги подгреа стравувањата од проблеми за затоплување на домовите на граѓаните, со оглед на цените на енергенсите кои вртоглаво растат.

Ситуацијата во земјава е дополнително позагрижувачка поради раскинувањето на договорот со Балкан енерџи груп (БЕГ) кој досега беше задолжен за затоплувањето на скопјани. Владата најави распишување на отворен повик за компанија која ќе ја преземе обврската, а во краен случај се најавува можноста грижата за парното да биде префрлена на државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ).

28.07.2022 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега