Погребот на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, ќе се одржи утре, 23 мај 2026 година, на гробиштата во Нерези, известија од НОБ.

Капела во 15.00 часот, погребна церемонија во 16.00 часот.

-Со длабока почит и тага ќе се простиме од нашиот колега, уметник и пријател, чиј исклучителен глас и уметничко творештво оставија неизбришлива трага во македонската оперска уметност, стои во објавата.

Оперскиот баритон Ристе Велков (51), неговиот син Адам Велков и другарите Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов (сите на возраст од 20 години) се четирите жртви во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци.

Exit mobile version