Утре измена на сообраќајот на еден од најфреквентните булевари во Скопје

 

Поради изведба на градежни работи за реконструкција на коловозот на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“, од утре ќе биде воведен привремен режим на сообраќајот.

Привремениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази. Во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улицата „Лондонска“, во насока на движење кон центарот на градот, но нема да има промена на режимот на движење на автобусите на ЈСП.

-Измената во сообраќајниот режим на овој дел од булеварот ќе важи до завршување на градежните активности за реконструкција на коловозот, информираат од Град Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега