Утре е Свети Сава ако загрми, не очекува лоша година- Народни верувања за празникот

Свети Сава е син на српскиот жупан Стефан Немања, се роди во 1169 година. Како млад жеднееше за духовен живот, заради што побегна на Света Гора, каде што се замонаши и со ретка ревност го мина сиот подвижнички раст.

Немања тргна по примерот на синот, па и самиот дојде на Света Гора, се замонаши и умре како монах Симеон. Сава издејствува кај царот и кај патријархот независност за српската Црква и стана прв архиепископ српски. Заедно со татко му го подигнаа манастирот Хилендар, а потоа и многубројни манастири, цркви и училишта по српската земја.

Двапати патуваше на поклонение во Светата Земја. Ги измируваше своите браќа раскарани околу власта, ги измируваше Србите со соседните народи. Се упокои во Трново, во времето на царот Асен, откако се разболе после литургијата на Богојавление, на 12 јануари 1236 година.

Кралот Владислав му го пренесе телото во Милешево, од каде што Синан паша го зеде и го запали на Врачар во Белград, на 27 април 1595 година.

За овој најголем српски светец кој се празнува утре врзани се неколку народни верувања.

За Свети Сава мора да се пости, со исклучок ако не паѓа во среда или во петок. Се верува дека овој светец може да ги смири морето и бурите како и да створи вода од каменот.

Постои и верување дека на овој ден не треба да се носи црвено, ниту да се острат ножеви, коси или други алати. Ова верување потекнува од старите времиња, додека селаните стравувале волците да не им ја изедат стоката. Свети Сава се сметал за пастир и заштитник на стоката, па на овој ден стоката обично сама се пуштала на пасење. Меѓутоа црвено не се носело зошто веројатно бојата на крвта ги привлекува волците. Исто така на денешен ден не треба да се оштрат ножеви или било кој алат за да не се предизвикуваат волците.

Постои и вервање дека е лош знак ако на Свети Сава загрми и дека тоа значи дека нешто лошо ќе се случи, зошто ударите на гром се многу ретка појава во зима. Исто така постои и верување дека ако денот е сончев на Свети Сава ќе донесе благосостојба и среќна и родна година.

Иако овој празник со црвено е одбележан во календарот на СПЦ, се верува дека обратно треба да се работи од она што е вообчаено за големите празници. Тој ден стоката се испраќа на пасење, а домаќинот треба да си ги заврши важните домашни работи. Жените смеат да работат домашни работи, а дури е пожелно да направат големо чистење. Се смета дека и децата на Свети Сава треба да научат нешто ново, дури и некоја нова песна, зошто во спротивно ќе станат мрзливи и неа доволно да напредуваат цела година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега