Утре – Денот на народното востание, 11 октомври, ќе биде неработен ден, а следниот се паѓа во четврток што значи дека оние кои ќе успеат ќе можат да го поврзат во продолжен викенд. 23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани. 

11 Октомври е државен празник на востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна. 

До крајот на годинава неработен ден за сите Македонци ќе биде и 8 Декември (понеделник), кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски”. 

Exit mobile version