Утре е голем празник- ако имате деца се верува дека вечерва треба да се поткади со темјан

Утре православна црква го слави денот на преподобната мајка Параскева – Света Петка, светица која им помагаше на болните и сиромашните.

Култот на Света Петка се негува со векови во Југоисточна Европа, и го почитуваат некои и од народите на истокот кои не се хрустијани. Верниците и се молат за помош и спас од болести и други животни неволји.

Верувања во пресрет на Света Петка.

Според народното верување, вечерта пред утрешниот празник Света Петка има посебно значење. По вечерата обично се оди на спиење, но пред да го направите тоа треба да се помолите.

Прекрстете се три пати а потоа да изговорете ја молитвата:

„Помогни Боже, Свети Петко и Свети Недела, простете ако сме згрешиле; помогни ни и спаси не Боже, од беда; спаси не од злите мисли; помогнете ни во  утрешниот ден; Боже благослови не да спиеме добро, да не сонуваме лошо,туку смирна и босилек; Боже благослови не со здравје, среќа и напредок и да го чекаме утрешниот ден здрави и живи! “

Така обично се молел само домаќинот, а жените и децата се крстеле по три пати, а по молитвата се оди на спиење.Се верува дека треба да се легне со главата свртена кон исток. Едната рака е ставена под главата, а другата е растегнатаи свртени на десната страна. Каде што има деца, просторијата се поткадува со темјан, за децата да не се плашат во сон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега