Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без снабдување со електрична енергија ќе останат жители од две скопски општини, информираат од ЕВН.

Во општина Кисела Вода, прекинот е предвиден за утринските и претпладневните часови.

„Дел од ул.‘Христо Татарчев’ 24, во близина на пералната за автомобили, ќе биде без струја од 08.30 до 13.00 часот.“

Истовремено, прекин на напојувањето ќе има и во општина Ѓорче Петров во текот на пладневните часови.

„Без напојување ќе бидат потрошувачите од ул.‘Александар Мартулков’ од 11.30 до 14.30 часот.“

Од ЕВН информираат дека прекините се со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.

Exit mobile version