Усвојувањето на уставните измени топ тема во Србија - Македонија го смени името во Република Северна Македонија

Веста дека Македонија го промени уставното име и отсега е Република Северна Македонија е топ-тема во српските медиуми.

Уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа поминаа и во третата финална фаза вечерва во Собранието на Република Македонија, откако претходно седницата три дена беше презакажувана, додека премиерот Зоран Заев преговараше со Беса на Биљал Касами, околу нивните барања во врска со измените.

Пратениците со двотретинско мнозинство од 81 пратеник вечерва во рамки на 75. седница ги донесоа амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, а потоа и ги прогласија. Усвоен и прогласен е и Уставниот закон за спроведување на амандманите.

На седницата не присустуваше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега