Усвоена информација за изградба и рехабилитација на спортски сали во училиштата

Владата ја разгледа и усвои информацијата за продолжување на постоечкиот проект за изградба и опремување на спортски сали во основните училишта, и рехабилитација на основни и средни училишта за реконструкција на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта, како и за опремување на 50 постоечки училишни спортски сали во основни училишта во рамки на 5. отворен повик на Инструментот за инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF) до Европската Комисија, најдоцна до 6 декември годинава.

Како што соопшти владината прес-служба, на денешната седница Владата го усвоила и Предлог – законот за задолжување на Република Македонија со заем кај германската банка за поддршка на развојот КфВ за финансирање на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република   Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега