Бугарија се соочува со досега невидена политичка криза. Уставниот суд денеска и официјално ја потврди оставката на Румен Радев, со што му се отвора патот на поранешниот генерал целосно да влезе во партиската арена. Овој потег доаѓа по низа шпекулации дека Радев планира да формира сопствена политичка партија и да ги „помати сметките“ на традиционалните играчи на претстојните парламентарни избори.

Оставката на Радев фрла нова сенка врз нестабилната бугарска политичка сцена, особено откако водечките партии не успеаја да состават влада. Наместо како шеф на државата, Радев сега се подготвува да ги води своите поддржувачи директно во битка за власт во Софија.

Exit mobile version