Уставен суд пресече: Недела останува неработен ден

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за предметот во кој беше оспорено работењето во недела, информира на прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

Тоа, како што појасни таа, значи дека во правниот поредок останува Законот кој го уредува правото на работниците да не работат во недела, освен во дејностите кои се исклучоци, а секако се предвидени со сегашното законско решение.

– За Уставниот суд неосновани се наводите на Стопанската комора на Северна Македонија која е подносител на оваа иницијатива и која бараше да се запре извршувањето на овој Закон. Оваа одлука е конечна и секој мора да ја почитува, нагласи Беловска.

Уставниот суд расправаше за овој случај на седница што се одржа на 14 септември годинава, но одлука не беше донесена поради недоволно мнозинство гласови.

На денешната 38-ма седница на дневен ред беа закажани осум иницијативи по кои се разгледуваше и оценуваше уставноста и законитоста. 

01.12.2022 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега