Уште тројца лекари од Куманово позитивни на Ковид-19

Денеска во Куманово се потврдени уште три случаи на заразени здравствени работници, од кои едниот бил вработен во службата за домашна посета при Здравствениот дом, вториот е лекар кој работи на одделението за Уво, нос и грло, а третиот е лекар од Крива Паланка, кој работи во Куманово, пренесува „Фактор„.

Со овие три случаи, бројот на инфицирани медицински лица со коронавирусот се зголеми на 55.

Вчера министерот за здравство Венко Филипче уште еднаш упати апел, здравствените работници посебно да внимаваат на строгите протоколи за заштита. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега