Уште едно лице измамено: Се претставил како вработен во Шутка и побарал пари од маж за ослободување на затвореник

 

Вчера во 14:00 часот во СВР Скопје, 56-годишниот Т.П. од село Ногаевци пријавил дека на 12.09.2020 бил измамен од едно лице, кое се претставило како вработен во Истражниот затвор Скопје, соопшти МВР.

- Според пријавеното, околу 10.30 часот на Д.С.(29) од село Ногаевци, општина Градско, му се јавило едно лице кое се претставило како А.Н., наводно вработен во Затворот Шутка и му кажалo дека ако плателе пари, можел да помогне да излезе од затвор В.П.. Според пријавеното, Д.С. му го дал бројот на Т.П, кој се согласил да даде пари, по што околу 11.00 часот Т.П. се сретнал со А.Н. и му ги дал парите, а наредниот ден отишол во затворот и му го кажал тоа на В.П.. По 10 дена, бидејќи немало ништо од ослободувањето на В.П., тој настанот го пријавил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега