Седумдесет и четиригодишна жена го загуби животот во грчкиот град Ламија, откако се задушила за време на вечерата.

Според информациите на грчките медиуми, за време на оброкот парче месо ѝ ги блокирало дишните патишта, по што започнала да се гуши. Присутните веднаш се обиделе да ѝ пружат прва помош и повикале брза помош.

И покрај брзата интервенција на медицинските екипи, спасувачките обиди биле безуспешни. По транспортот во болницата, лекарите само констатирале смрт.

Надлежните органи ги испитуваат сите околности околу овој трагичен случај. Лекарите апелираат на зголемена внимателност при консумирање храна, особено кај повозрасните лица, како и на итна реакција во вакви ситуации.

Exit mobile version