Уште една копија: По Јута и Романија, се појави мистериозен монолит на врвот на една планина во Калифорнија (ФОТО)

Нов мистериозен монолит сега се појави на врвот на една планина во Калифорнија, само седум дена откако првпат беше откриен во пустината во Јута.

Монолитот, чиј изглед ја заскокотка фантазијата на јавноста и ги покрена приказните за присуството на вонземјани, исчезна од пустината во југоисточната американска држава Јута, а веднаш по нејзиното исчезнување и се појави во Романија. Сега е откриена нова во Калифорнија.

Локалните весници објавија дека овој сребрен „споменик“ бил пронајден на врвот на планината Пајн откако поминале неколку локални планинари и се фотографирале со монолитот.

„Тространиот обелиск се чини дека е изграден од нерѓосувачки челик и е висок над три метри“, објави „Атаскадеро њуз“.

За разлика од оној од Јута, каде беше цврсто поставен во карпите, овој монолит всушност стои доста разнишан и не би било тешко некој да го сруши.

Сè уште е голема мистерија кој ги направил и инсталирал овие монолити.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега