Уште една измама - се претставиле како Црногорец и Израелец и од скопјанец земале 1.000 долари и 100 евра за лекар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против 30-годишниот М.М. од Чаир, Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. 

На 29.06.2020, пријавениот на оштетениот Г.Д. од Дебар му се претставил како државјанин на Црна Гора, додека другото лице што било со него се претставило како државјанин на Израел. Притоа, го довеле во заблуда Г.Д. и му побарале 1.000 долари и 100 евра за да ги дадат на лекар, кај кого се породувала сопругата на лицето кое се претставило како државјанин на Израел, додека како гаранција на Г.Д. му дале ланец со жолта боја, за кој му рекле дека бил златен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега