Вчера во ОВР Гостивар, 42-годишник од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 26.000 денари.

Според пријавеното, тој добил СМС порака со линк наводно на „Пошта на Северна  Македонија“ за ажурирање на податоци за достава на пакет. Како што е пријавено, верувајќи дека се работи за негова претходна нарачка, тој ги внел податоците од својата платежна картичка на лажната веб страница и набргу потоа од неговата сметка биле извршени пет трансакции кон различни субјекти, без негова согласност, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Exit mobile version