Уште двајца вработени кај Трамп заразени со коронавирус - биле на неговиот митинг во Оклахома

Уште двајца членови ангажирани во кампањата на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои во саботата биле во Оклахома на неговиот митинг се позитивни на коронавирусот, изјавил претставник на изборниот штаб на Трамп.

„После уште еден круг тестирање за вработените во кампњата во Тулс, уште двајца членови од тимот се позитивни на коронавирусот“, рекол портпаролот Тим Марто во понеделникот, пренесува Ројтерс.

Марто рекол дека тие присуствувале на митингот, но дека носеле маски цело врмее.

Изборниот штаб во саботата, пред првиот митинг, објавил дека четири членови биле позитивни на тестот на коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега