Уште двајца сомнителни на коронавирус се тестираат на Инфективна

Уште двајца сомнителни пациенти со симптоми на грип се тестираат на присуство на коронавирус, дознава „Плусинфо“ од извори од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Ова се 4. и 5. сомнителен случај на инфекција со новиот вирус, а претходните три, кои беа вчера проверени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје се негативни.

Повеќе детали за последните два сомнителни случаи се очекува денеска во 13.30 часот да соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска попладне ќе биде домаќин и на регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге, кој по посетата на Рим, доаѓа во Македонија да види како се спроведуваат мерките за заштита од коронавирусот.

 

Како што претходно на својата веб страна објави Министерството за здравство, и тоа два часа порано од најавеното, негативни се резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус, а која завчера пристигнала со попладневен лет од Милано во Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега