Уште 721 новозаразени со коронавирус во Македонија - 7 пациенти починаа

Нови 721 случај на коронавирус се регистрирани во Македонија во изминатите 24 часа, 139 повеќе од вчера, при што биле направени 3.816 тестирања. Битката со ковид-19 ја изгубиле уште седум лица.

Најмногу нови случаи се потврдени во Скопје – 334, па следуваат Прилеп – 56, Кавадарци – 52, Неготино – 34, Велес – 26, Охрид – 24, Битола – 23, Куманово – 22, Тетово – 18, Струмица – 16, Гевгелија – 15, Крива Паланка – 14, Гостивар – 13, Струга – 10, Богданци – 9, Кичево и Делчево по 8, Крушево – 7, Штип – 6, Кочани и Ресен по 5, Свети Николе – 3, Дебар, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово по 2 и еден во Берово, Демир Хисар и Пехчево.

Регистрирани се 171 оздравен пациент: во Скопје 71, Кавадарци – 20, Прилеп – 18, Куманово – 14, Тетово – 12, Велес – 6, Кочани – 5, Гевгелија и Битола по 4, Штип, Струмица и Неготино по 3, Гостивар и Кратово по 2 и Ресен, Охрид, Делчево и Валандово по 1.

Од последиците на коронавирусот починаа двајца пациенти од Скопје (68 и 81 година) и по еден од Тетово (49), Прилеп (73), Струмица (76), Кочани (72) и Делчево (43), сите во болнички услови.

Вкупната бројка заразени од почетокот на епидемијата изнесува 102.482, од кои оздравеле 91.066, а починале 3.126. Моментално има 8.290 активни случаи. Досега во земјата се направени вкупно 519.985 тестирања за ковид-19.

Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје: 44.818; активни 3.681

Куманово: 5.567; активни 264

Тетово: 5.446; активни 277

Прилеп: 5.384; активни 641

Гостивар: 3.783; активни 149

Штип: 3.656; активни 125

Велес: 3.452; активни 270

Битола: 3.436: активни 187

Кавадарци: 3.356; активни 591

Охрид: 3.242; активни 426

Струмица: 2.712; активни 180

Струга: 2.409; активни 182

Кочани: 1.822; активни 71

Кичево: 1.777; активни 74

Неготино: 1.230; активни 214

Гевгелија: 1.214; активни 183

Свети Николе: 1.109; активни 26

Крива Паланка: 836; активни 92

Ресен: 810; активни 67

Дебар: 794; активни 43

Радовиш: 744;, активни 26

Делчево: 742; активни 190

Берово: 642; активни 25

Пробиштип: 544; активни 28

Виница: 521; активни 25

Валандово: 368; активни 31

Крушево: 284; активни 74

Кратово: 277; активни 36

Богданци: 274; активни 48

Демир Хисар: 266; активни 16

Македонски Брод: 252; активни 7

Демир Капија: 241; активни 31

Македонска Каменица: 193; активни 3

Пехчево: 186; активни 4

Дојран: 95; активни 3

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега