Уште 358 новозаразени во Грција, пет починати пациенти

Во Грција во последните 24 часа потврдени се 358 нови случаи со коронавирусот, а починаа пет лица од последици од инфекцијата со коронавирусот.

Националната јавна здравствена организација соопшти дека од крајот на февруари, кога беше регистриран првиот случај, заразени се вкупно 16.286 луѓе, од кои за речиси 3.000 се верува оти се заразиле во странство.

Во моментот вкупно 73 лица се на респиратори. Од болница пуштени се 191 пациент кои го победија коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега