Уште 30 дена притвор за Боки 13 и Кичеец

 Бојан Јовановски и Зоран Милески осомничени во случајот „Рекет“, ќе останат во притвор уште 30 дена.

– Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени  во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега