Усеини: Сам ја рушам дивоизградената база, веќе една година чувствувам голем товар

Нефи Усеини, советникот во општина Охрид од редовите на ДУИ, тврди дека сам почнал да ја руши дивоизграената бетонска база на охридското крајбрежје.

Тој во изјава за Телма вели дека веќе една година чувствувал голем товар бидејќи непотребно бил обвинуван дека е главен виновник за тоа што постоело опасност Охридскиот регион да го изгуби статусот на УНЕСКО.

„Од Општина и градоначалникот Георгиевски барам да се изнајде решение и конечно да се излезе во пресрет на нашето и барањето на останатите бетонски бази кои се нелегално поставени и без соодветна документација и одобренија за обезбедување на соодветни локации каде ќе може да продолжиме да ја извршуваме оваа дејност“, тврди Усеини.

Во Охрид изминатите денови се рушеа неколку дивоизградени објекти како обид градот да го задржи статусот во УНЕСКО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа