На 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2 000 евра. Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да и биде дадена во наредните денови. Како што е пријавено, неколку пати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето и кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала парите да и бидат вратени, лицето не одговорило на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Трамп најави 25% царини за сите држави кои соработуваат со Иран
- Трагедија во Охрид: Во несреќен случај загина 28-годишниот снимател Кристијан Љушев
- Ледена ноќ во Македонија: Во 22 часот измерени -10 степени, екстремен студ во целата држава
- Грипот „коси“ во Велес : Итната помош преполна, медицинските тимови не можат да постигнат
- Страв и паника во Техеран: Иранската полиција со СМС пораки до граѓаните – „Чувајте си ги децата, нема да има милост за бунтовниците“
- Малолетник од тетовско заработи кривична, полицијата го фати со марихуана
- „Војната против Иран не е пикник, туку оган“: Моќната ирачка милиција му се закани на Вашингтон
- Србија повторно добива нафта преку ЈАНАФ

