Уништена Исламската држава во Сирија - Го загуби последното боиште

Сириските демократски сили денес објавија дека го ослободиле последниот дел од територијата под контрола на исламската држава во Багуз и прогласија голема победа.

Сириските демократски сили (СДФ) поддржани од САД изјавија дека ставија крај на петгодишниот „калифат“ на исламската држава по победата на милитантите во Сирија.

- „Сириските демократски сили прогласија целосна елиминација на таканаречениот калифат и 100% територијален пораз на ИСИС. На овој посебен ден ги одбележуваме илјадниците маченици чии напори ја озвозможија оваа победа“, напиша на Твитер Мустафа Бали портпарол на Сириските демократски сили.

Сепак, и понатаму групата е опасност со оглед на големиот број напади во светот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2019 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега