Унгарската претседателка си доби подарок - шарпланинец од Пендаровски
Унгарската претседателка Каталин Новак доби подарок шарпланинец од Пендаровски.
Каталин Новак денеска е во официјална посета на Македонија.
Според агендата, Пендаровски и Новак ќе одржат тет-а-тет средба, по што делегациите од Северна Македонија и Унгарија ќе одржат пленарен состанок.
Во рамки на посетата, во црквата Св. Спас во Скопје претседателката Новак и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.
За време на официјалната посета, унгарската претседателка Новак ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, а заедно со претседателот Пендаровски ќе остварат средба со претставници на младински организации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа